Во текот на изминатото деноноќие неколку граѓани дошле да побараат помош за повреда на раката, но незадовлни од третманот, прво со навреди, а потоа физички почнале да ги напаѓаат вработените. Удирале по човекот од обезбедувањето, а не ги поштедиле ниту сестрите и лекарите… Но и тоа не им било доволно, па кога дошла полицијата да интевенирала, се пресметале и со нив..
Вработените не се потешко повредени, но стравуваат за својот живот и безбедност, вели директорот на болницата Св. Наум Охридски“, Иван Спировски. Вакви инциденти се случуваат секој втор ден во болницата, додава Спировски.
Од МВР информираат дека за инцидентот приведено е едно лице, 31 годишнен скопјанец, кој бил најагресивен.. Останатите двајца што биле со него се пуштени со прекршочни пријави..
Ова е четврти напад на медицински персонал изминатава недела, откако претходно во Тетово беше претепан лекар до бессознание, а во Кавадарци и Драчево беа нападнати медицински сестри. Здравствените работници бараат поголема трпеливост кај луѓето и пациентите, но и поголема заштита од државата и построги санции за насилниците.