Лесото, едно од двете африкански држави во кои нема регистрирано ниту еден случај на Ковид-19, ги продолжи мерките за сузбивање на пандемијата за уште две недели.

Премиерот на Лесото, Том Табане изјави дека мерката за ограничено движење, воведена на 30 март ќе биде продолжена до 5 мај, со цел да се заштитат 2,1 милиони жители на земјата.

Лесото нема сопствени капацитети за тестирање и 24 примероци испрати во Јужна Африка, каде се регистрирани најголем број на заболени од новиот коронавирус на континентот – 3.465.