Со цел да охрабрат луѓето да се вакцинираат, во Полска е организирана лотарија со добивка од еден милион злоти или 274.000 американски долари. Оваа информација синоќа ја изјавил Министерот за имунизација Михал Дворчик. Во Полска процентот на заинтереисрани граѓани за вкацинација е 69, но министерот Дворчик сакал да се осигура дека неговите сограѓани навистина ќе се вакцинираат.

Во кампањата за вакцинација биле вклучени истакнати спортисти и актери, а освен крајната добивка предвидени се и награди за првите петстотини општини во износ од 100 илјади злоти или 27 397 долари кои имаат 78,5% на имунизирани лица.

Polish money background. Polish currency business and financial concept

Според изјавата на Дворчик, Владата на Полска одвоила повеќе од 31 милиони евра за лотарија, која ќе започне на 1 јули. Во полска досега се вакцинирани 5,6 милиони луѓе, а се аплицирани 18,3 милиони дози на вакцини.