Во текот на изминатото деноноќие во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 527 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 926 и има околу 800 празни болнички кревети.

По извештаите кои доаѓаат до Министерството за здравство на дневна основа, на инфективното одделение во Тетово има 20 пациенти, во Велес се лекуваат 62 болни, а во Куманово 63 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во болницата во Битола се хоспитализирани 63 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19, во Прилеп 49, во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 60 пациенти, а во Струга 17 болни.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 54 пациенти, а во болницата во Струмица се хоспитализирани 54 пациенти. Во Кочани се хоспитализирани 22 лица, во Кичево 15, Кавадарци 26, а во Гевгелија 8 лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.