Во последниве 24 часа регистрирани се 10 нови случаи на заразени со коронавирус, а извршени се само 189 тестирања

Во изминатите 24 часа извршени се само 189 тестирања на коронавирус во земјава. Од нив регистрирани се десет нови случаи. Министерот за здравство Вено Филипче на денешната прес-конференција ги соопшти…

Во изминатите 24 часа извршени се само 189 тестирања на коронавирус во земјава. Од нив регистрирани се десет нови случаи.

Министерот за здравство Вено Филипче на денешната прес-конференција ги соопшти најновите дневни информации за состојбата со Ковид-19 во земјата.

Новите случаи се регистрани во Скопје-6, Куманово-2 и во Прилеп и Велес по еден случај. Оздравени се пет пациенти од Скопје и Неготино, а почина уште едно лице.

Во земјава вкупниот број на заболени од коронавирус порасна на 1 674 лица од кои 1205 се оздравени. Вкупниот број на смртни случаи се искачи на 92 лица, а 377 се активни случаи.

Во изминатите 24 часа на Инфективната клиника се примени тројца нови пациенти, а на ГОБ „8 Септември“ хоспитализирани се 13 нови пациенти.


Related Articles