Во последните 24 часа направени се 4.926 тестирања, а регистрирани се 344 нови случаи на ковид-19: Скопје – 143, Велес – 33, Куманово – 27, Штип – 19, Струмица – 15, Битола – 13, Прилеп и Кочани – по 12, Охрид – 9, Кавадарци – 7, Тетово, Крива Паланка и Кратово – по 6, Македонска Каменица – 5, Радовиш, Виница и Крушево – по 4, Гостивар, Струга и Гевгелија – по 3, Кичево, Пробиштип и Богданци – по 2, Неготино, Свети Николе, Берово и Демир Хисар – по 1 лице.
Во текот на изминатите 24 часа починале 9 лица: 6 починати лица од Скопје (41г, 57г, 68г, 79г, 80г и 85г), по едно починато лице од Кавадарци(87г), Охрид (80г) и Прилеп (86г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште 9 починати лица, со датум на смрт од 07.09.2021 до 04.10.2021 година.
Регистрирани се 5 лица од Скопје и по едно лице од Куманово, Тетово, Охрид и Штип на возраст од 40 до 94 години. Од пријавените лица, 6 се починати во болнички услови и 3 лица се починати во домашни услови.
Дополнително, при проверка во системот се пронајдени оздравени 3.645 постари случаи кои се прикажани со денешните резултати (од месец август, случаи кои биле хоспитализирани и испишани без да не информираат болниците, странци и лица без матични лекари).
Регистрирани сe 339 оздравени пациенти од: Скопје – 168, Куманово – 28, Велес – 19, Кавадарци – 18, Кочани – 15, Кичево – 14, Штип и Прилеп – по 13, Струмица – 11, Битола – 6, Охрид и Гевгелија – по 5, Берово и Неготино – по 3, Пехчево, Делчево, Гостивар и Струга – по 2, Радовиш, Виница, Ресен, Кратово, Свети Николе, Македонска Каменица, Богданци, Македонски Брод, Демир Хисар и Тетово – по 1 лице.
Досега во Македонија се направени вкупно 1.319.879 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 194.575 бројката на оздравени пациенти е 180.791, на починати е 6.817, а бројот на активни случаи изнесува 6.967 лица.