Во ковид-центрите во главниот град Скопје во изминативе 24 часа, нема нови хоспитализирани пациенти со Ковид-19. Вкупно 58 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 18 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 32
пациенти. Во ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 8 пациенти. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 8 оздравени пациенти.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 87 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.