Пунктовите за имунизација во Крива Паланка, Крушево и Железничар се без лекари. Кога доаѓаат деца за вакцинирање, ги прегледува некој од матичните лакри или пак друг лекар од здравствената установа. Дека немаат лекарски кадар од овие установи проблемите ги соопштиле и на стручниот состанок на МЗ со сите тимови за имунизација во пресрет на Европската недела за вакцинација. Покрај овие установи каде нема лекари, во скопските пунктови кои се 13 на број, само во 4 има педијатар од кои едниот е веќе во пензија но со продолжување од една година. Во останатите има општи лекари и специјалисти по кожни болести. Министерот за здравство Венко Филипче, најави дека со мапата за дефицитарен кадат во сите здравствени установи, која веќе била готова, ќе го решеле и овој проблем. Но не прецизираше кога ќе биде тоа.
Во пунктовите за вакцинација во Крушево и Крива Паланка нема лекар!
Пунктовите за имунизација во Крива Паланка, Крушево и Железничар се без лекари. Кога доаѓаат деца за вакцинирање, ги прегледува некој од матичните лакри или пак друг лекар од здравствената установа….