Според податоците кои ги објави Универзитетот „Џонс Хопкинс“ од САД, поголем број жители починале коронавирусот отколку од шпанскиот грип во периодот од 1918-1919.

Според најновите податоци на Институтот, повеќе од 675.700 луѓе заразени со новиот коронавирус починаа во САД.

Историчарите и Центарот за превенција и контрола на болести, главната американска агенција за јавно здравје, проценуваат дека од таканаречениот„шпански убиец“ настрадале најмалку 50 милиони луѓе ширум светот, вклучително и 675.000 во САД. Така, шпанскиот грип, барем во апсолутна вредност, ја загуби титулата најлоша пандемија во поновата историја на САД.

Но, за разлика од Ковид-19, таа пандемија сериозно ги погоди возрасните групи како што се децата под пет години и луѓето помеѓу 20 и 40 години.