Дали на повидок се нови препукувања помеѓу симпатизерите, членовите и блиските на СДСМ, Мирјана Најчевска го „сотре“ настапот на Јани Макрадули и неговите изјави за подобра животна средина на нејзиниот ФБ профил.
Во текот на вчерашниот ден заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули, гостуваше на една телевизија и во текот на гостувањето можеа да се слушнат и видат дел од образложенијата кои владата, власта, а во конкретниот случај и преставникот на министерството за животна средина како и на кој начин „ЌЕ ДОЈДЕ ПОДОБРИОТ ЖИВОТ“ до сите нас во делот на животната средина. И тој како и неговите колеги продолжи со промовирање на НОВАТА НОРМАЛНОСТ, која е нова и нормална само за неговите партиски колеги и сопартијци, бидејќи и тие повеќе не веруваат во тоа што го зборат и промовираат, односно пропагираат секој ден.
Па така, во новата нормалност, секој од нас се очекува дека треба да придонесе и изгради подобра и поодржлива животна средина. НИКАКО власта, НИКАКО, ресорното министерство, па на крајот на краиштата нели и народот е крив, па народот нека ги средува работите, не беше доволно тоа што не исцедија, ни ги намалија платите, ни ги земаа да не речам запленија скромните финансии кои требаше да ги добиеме со скенирање на фискалните сметки и другите ред низа работи со кои секојдневно не тресат од власта, покрај паниката и емотивниот тобоган кој секојдневно ни го приредува колегата на Јани Макрадули, министерот Венко Филипче со мерките од типот, ќе има вирус, ќе има полициски час, ќе има карантин, после два дена, нема ништо слободно шетајте, па повторно има карантин, ќе има некакви вакцини, ќе бидете чипувани, нема да бидете, секој ден заболени 100, 250, 380, па се манипулира со бројките исто така. – Сето ова до нашата редакција како став го пренесе една загрижена мајка и личност дел од социјалната мрежа Фејсбук.
Денес 125 новозаболени, па се појавува мајка која е позитивна, која според нејзиното сведоштво посочува дека никој не сакал да ги тестира, прегледа или да им препише лекови на нејзиниот сопруг и син бидејќи, таа е веќе позитивна, сигурно се и тие. Дали тие спаѓаат во бројките кои ги лиферува министерот Филипче? Дали бројките со заболените се далеку поголеми од тоа што се покажува? Дали заменик министерот Јани Макрадули сака на сличен начин да делува со новите мерки кои се носат во рамките на животната средина? – Посочуваат и прашуваат по социјалните мрежи вознемирени граѓани, прашањата се упатени до министрите, дали ќе се добие одговор, никој не знае, ние како редакција ги пренесуваме загриженоста и размислувањата на граѓаните со цел граѓаните од прва рака да добијат целосна слика за тоа што се мерките кои треба да се донесат во рамките на двете министерства за здравство и животна средина од челниците и на кој начин се планира нивно имплементирање.
Во изминатите три години, активностите на министерството за животна средина во насока на заштита на природата, според Јани ги има поприлично многу, за жал, беа во сенка на другите сегменти од областа на животната средина, пред сè поради големото посветено внимание на аерозагадувањето и отпадот. Но, дали е тоа така? Дали некој виде во тој дел од животната средина дали се постигна нешто? Таму не се постигна ништо, немаше никакво подобрување, меѓутоа имаше многу ветувања, сега ветувањата и манипулацијата на Јани и неговите сопартијци се насочува кон друго место друг дел од животната средина за да се посочи дека нешто се работи, да се тргне фокусот од тоа дека не се постигна ништо со загадениот воздух и ПМ 10 честичките, дивите загадувачи, палачи на гуми и отпад, како и не се спречи никако создавањето на новите депонии на секое ќоше. – Го коментираат и посочуваат тоа на твитер социјалната мрежа граѓани кои посочуваат дека не заборавиле со кои ветувања оваа гарнитура политичари дошле на власт и што се се очекувало да направат, а не исполниле.
Новите мерки кои Јани ги промовираше се следните во однос на националната легислатива:
- Изработен е нов Закон за заштита на природата и истиот е во фаза да донесување;
• Отпочната е постапка за прогласување на дел од Осоговските Планини за заштитено подрачје во категоријата заштитен предел;
• Отпочната е постапка за прогласување и на дел од Шар Планина за заштитено подрачје во категоријата II национален парк;
• Отпочната е постапка за прогласување на дел од Водно за заштитено подрачје во категоријата V-заштитен предел;
• Прогласени се пет природни реткости, вклучително и старото Платаново стебло во Охрид, како придонес за зачувување на природните вредности на национално ниво;
• Донесен План за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион, како обврска од Конвенцијата за заштита на светско културно и природно наследство (УНЕСКО);
• Донесен Планот за управување со споменик на Вевчански Извори со Извештај за стратегиска оценка;
• Подготвени се Нацрт-планови за управување со спомениците на природата Маркови Кули и Преспанско Езеро;
• Изработен е предлог Акциски План за борба против отрови за диви животни, во соработка со Македонско Еколошко Друштво;
• Изработен е 6-от Национален извештај кон Конвенцијата за биолошка разновидност (CBD).
Најинтересното во целиот јавен настап на Јани Макрадули е тоа што ден подоцна на истите тие социјални мрежи неговата симпатизерка и благонаклоничка се фати во костец со токму нејзиниот омилен чоек и личност за животна средина, Јани Макрадули, па на најзината Фејсбук страна постираше пост со кој грубо и со поагресивен тон му реплицираше на Јани Макрадули, на неговото гостување во емисијата во дотичната телевизиска куќа и реплицираше на мерките кои тој ги промовираше. Што ќе направи и како ќе реагира Јани, дали ќе врати соодветно и со аргументи ќе ги оспори обвинувањата или ќе ја преќути целата ситуација со цел да не не навлага во понатамошни подлабоки води каде не се снаоѓа добро и може да се удави, останува да видиме во деновите што следат. Но, едно е сигурно, штом СДСМ и нивните симпатизери, членови и приврзаници едни со други не си веруваат на збор и ќе се изедат јавно, тогаш што останува за народот, зошто ние да им веруваме или да ги гласаме – посочи чичко Петар Симоновски преку телефонски разговор до нашата редакција.
Ова е инаку целосното излагање на заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули во телевизиската емисија на телевизиската куќа Телма: