Дисфункционалните црвени крвни зрнца (еритроцити) придонесуваат за оштетување на крвните садови. Ова е забележано во случаи на тежок ковид, според лабораториските студии, кои исто така истражуваат начини за лекување на овој проблем.
Научниците веруваат дека кај многу пациенти хоспитализирани поради тешка форма на COVID-19, се оштетени ендотелните клетки што ги обложуваат крвните садови, што може да резултира со згрутчување на крвта, оштетување на органи и други здравствени компликации.
Дисфункционалните еритроцити обично се деформирани, имаат слаби мембрани кои лесно се кршат или немаат ензими потребни за правилно функционирање и одржување на еластичноста, овозможувајќи им непречено да патуваат низ тесните крвни садови.
Резултатите добиени од студија спроведена во Стокхолм покажуваат дека црвените крвни зрнца кај пациенти со умерен до тежок ковид ослободуваат помалку корисни молекули на азотен оксид и повеќе штетни молекули кои предизвикуваат воспаление, објаснува еден од научните вклучени во студијата.
Станува збор за мала студија спроведена со лабораториски тестови на крвта на 17 умерено болни пациенти со COVID-19 и 27 здрави доброволци ја потврди претпоставката за „длабока и трајна ендотелијална дисфункција“ која се развила како резултат на инфекција со коронавирус. Научниците откриле дека во комбинација со покачени нивоа на одреден ензим, воспалителните молекули ја оштетуваат слузницата на крвните садови, што резултира со тоа што садовите не успеваат да се вратат во првобитната состојба на правилен начин.
Забележаната дисфункција на еритроцитите, според докторите, може да се „поништи“ со помош на лекови кои го враќаат нормалното ниво на ензими и го ограничуваат производството на штетни молекули.