Во Струмица процесот на теренска вакцинација ќе продолжи и понатаму бидејќи интересот за вакцинација се зголемува. Во неселените места во струмичкиот крај, оние кои добиле прва доза вакцина, за ревакцина нема да мораат да патуваат до Здравствениот дом во Струмица. Од ЗД Струмица информираат дека донеле одлука да испратат уште една екипа која ќе биде задолжена за аплицирање на втората доза со цел им олеснат на сите кои треба да ја комплетираат имунизацијата против Ковид-19.

Поради зголемениот интерес за слободна вакцинација, од здравствениот дом информираат и дека пунктот во основното училиште Никола Вапцаров нема да се затвори. Во струмичкиот регион до сега се вакцинирале 15.500 граѓани, а 1118 лица се вакцинирани преку процесот на теренска вакцинација.