Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.688 тестови, а регистрирани се 96 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 55, Битола – 17, Штип – 4, Прилеп и Кавадарци – по 3, Велес, Гостивар и Струмица – по 2, Куманово, Тетово, Охрид, Кичево, Неготино, Ресен, Радовиш и Берово – по 1. Од вкупниот број на позитивни (96), регистрирани се 14 реинфекции.

Регистрирани сe 177 оздравени пациенти од: Скопје – 81, Битола – 24, Охрид – 12, Кавадарци – 8, Гостивар и Кичево – по 7, Прилеп – 6, Куманово, Ресен и Делчево – по 5, Струмица – 4, Гевгелија и Свети Николе – 3, Неготино – 2, Тетово, Радовиш, Виница, Крушево и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од Охрид на возраст од 85 години. Пријавеното лице е починато на 04.04.2022 година, во домашни услови. Кај починатото лице е регистриран коморбидитет.

Досега во земјата се направени вкупно 1.992.684 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 308.390, бројот на оздравени пациенти е 298.099, на починати е 9.261, а бројот на активни случаи изнесува 1.030