Во текот на изминатото деноноќие во Скопје нема хоспитализирани нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Министерството за здравство информираше дека вкупно 46 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

На Институтот за ТБЦ, ковид центарот ГОБ 8 Септември, како и на клиниката за инфективни болести немало ниту еден прием. Дома е пуштен еден оздравен пациент.

Заклучно со изминатото деноноќие во ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат вкупно 7 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 14 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 25 пациенти.

Вкупно 46 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во главниот град, а голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.