Индискиот всој на коронавирусот простигна и во Унгарија. Денеска за прв пат здравствените власти соопштија дека се регистрирани два случаи на заболени со индискиот всој на Ковид-19. Заменик министерот и шеф на владината работна група за вакцинација посочи дека поради приситноста на мутацијата не може да се исклучи можноста за нов бран на коронавирусот.

– Индискиот вид е присутен во Унгарија, и според експертите, не можеме да ја исклучиме можноста за нов бран пандемии, рече заменик министерот и шеф на владината работна група за вакцинација, Иштван на прес-конференција.

Директорката на Националниот здравствен центар, Сесилија Милер, додаде дека една од двете пациенти веќе се опоравила од болеста и дека потрагата по контакти не успеала да утврди како се заразени, бидејќи никој од нив неодамна не бил во странство.

Унгарија беше сериозно погодена од пандемијата со Ковид-19, а според податоците на американскиот универзитет Џон Хопкинс, таа е земја со најголем број смртни случаи на 100 000 луѓе, но во моментов епидемиолошката состојба е многу поповолна поради забрзаната кампања за вакцинација.