Времето денеска претпладне облачно со повремен локален дожд, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб северен, а во западните делови повремено умерен западен ветер.

Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13 степени.

Утре и во понеделник ќе преовладува сончево и потопло време со мала до умерена облачност, но по одделни котлини ќе има услови за појава на магла.

Под влијание на серија влажни бранови од вторник ќе има нови врнежи од дожд, а на планините од снег.