Во текот на оваа ноќ ќе имаме нешто повеќе облачност над македонското небо а на север и на северозапад има услови за слаб локален дожд и снег на планините.
Утре (вторник) ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди а ќе има и слаб локален дожд, во текот на ноќта кон среда ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд и снег на планините.
Максималните температури овие денови ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени.
Добро е тоа што поради нов продор на студен воздух од север во среда ќе дува засилен северен ветер на повеќе места, токму ова ќе услови значително намалување на загаденоста во воздухот во котлините.
Веќе од четврток наутро повторно температурите на повеќе места ќе се спуштаат под нулата и ќе бидат во интервалот од -6 до 2 степени.
Максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени.
Влажен бран повторно очекуваме за време на викендот и истиот ќе услови врнежи од дожд на повеќе места и снег на планините.