По препорака од Европската комисија до земјите членки на ЕУ, времетраењето на сертификатите за вакцинација и прележан КОВИД-19 во Грција, што сега е седум, односно три месеци, веројатно ќе се усогласи со важноста на европските сертификати, најави министерот за здравство на Грција Танос Плеврис.

Иако европскиот сертификат за вакцинација е валиден девет, а сертификатот за прележан КОВИД-19 шест месеци, во внатрешноста на Грција, важност е седум, односно три месеци, нешто што важи и за странците кои ја посетуваат земјата и доколку се усвои препораката од ЕК, ќе се поедностават правилата за туристите.

Во внатрешноста на земјата, сертификатите имаат помало времетраење, па така, иако за влез во земјата европскиот сертификат за вакцинација и прележана болест важат девет месеци по втората доза и шест месеци по првиот позитивен тест, во Грција, за влез во затворените објекти во земјата, валидноста е помала, односно седум месеци за сертификатот за вакцинација и 90 дена за потврдата за прележан КОВИД-19.

Професорката Пепаевангелу, која е и член на Комисијата за вакцинација, објасни дека за прашањето дали ќе биде потребна и чевтрта доза за вакцинација на населението веќе е започната дискусија и се во фаза на проучување на епидемиолошките и клиничките податоци, а во исто време внимателно ги следат и одлуките на другите европски земји.

Во однос на пандемијата во земјата, според Папаевангелу, зголемениот број нови случаи на КОВИД-19 во изминатиот период во земјата се должи на доминацијата на варијантата Омикрон 2, но објасни дека според математичките модели, конкретниот бран ќе кулминира во следните денови и ќе трае пократко од претходните.