Се уште нема одговор како и која е причината за изгорената модуларна Ковид болница во Тетово во која изгореа 14 граѓани пред само една седмица. Додека роднините на изгорените пациенти и присутни во болницата се уште тагуваат, речиси и да нема никаква одговорност од страна на првиот човек за здравство Венко Филипче, ниту пак од двајцата директори на тетовската болница.

Според докторите одговорност мора да има, укажувајќи дека овој тип на болници не се за интензивна нега и грижа на заболените од КОВИД. Имено, доктор Андон Чибишев вели дека во модуларните болници не може да се пружа интензивна нега и затоа не би требало да се користат за лечење на болни од ковид-19. На ист став е и докторот Игор Николов, кој смета дека трагедијата во Тетово е голема, а Филипче мора да одговара за тоа што се случи.

– Она што ни се случи за време на корона кризата е тоа што не успеавме да ја слушнеме стручната јавност. Ја нема ни во овој случај со модуларната болница во Тетово. Нема истрага, нема информации од експерти, посочи Николов.

Докторката Жаклина Шопова, пак, преку набројување на неколку факти за работењето или неработењето на Филипче смета дека за доброто на граѓаните и пациентите премиерот Заев треба да ја прифати оставката. Ако директорите бараат од премиерот да остане Филипче, јас ќе се потрудам да го кажам спротивното:

1. Велите: пандемијата трае, болниците се преполни… ЗОШТО!? Заради Венко и неговата/вашата неспособност за менаџирање.

2. 1112 пациенти со тешка клиничка слика се лекуваат, 30 пациенти се на респиратор (само не кажувате на кои респиратори, тие што требаше да ги добиеме, да ги набави Венко или …), 700 пациенти се на кислородна подршка со маска. ЗОШТО!?

– Заради Венко и сите вас кои не ги припремивте и не ги дистрибуравте протоколите за третман на секое ниво во здравството низ целата Република, бидејќи не направивте план за белиот мантил, бидејќи преку ноќ ги претворате болниците во ковид центри, бидејќи им го одземавте со закон загарантираното право на сите останати, вели Шопова.