Поради одредени нејаснотии во јавноста за несогласувањата помеѓу синдикатот на клинички центар и лекарската комора e во тоа што синдикатот на клинички центар очекуваше дека лекарската комора за основната плата од 1000 до 1600 евра во денарска противвредност нема да отстапи, а не да реагира со забелешки.
Законот за докторска дејност да ја направи конкуретна дополнителната работа за вработените во јавното здравство споредено со приватното здравство. Согласно стресната и одговорна работа, и последиците по здравјето на докторите да се одреди бенефициран стаж за докторите на медицина, да не се менува звањето доктор на медицина и да се исфрли од нацрт законот_предлог-законот звањето лекар на медицина.
Синдикатот на Клинички центар е задоволен од јавно изнесениот став на Лекарската комора на Македонија за утврдување на основната плата на докторот на медицина од 1000 до 1600 евра. Но, дали граѓаните се задоволни од услугите за да се добие таа плата за докторите? Зошто никој не ги прашува пациентите и болните?