За влез во Финска потребна е потврда за вакцинација и негативен тест не постар од 48 часа

Влез во земјава ќе имаат само странските патници со негативен тест за Ковид-19 и оние кои ќе докажат дека се целосно вакцинирани или дека ја надминале инфекцијата, соопшти Министерството за…

Влез во земјава ќе имаат само странските патници со негативен тест за Ковид-19 и оние кои ќе докажат дека се целосно вакцинирани или дека ја надминале инфекцијата, соопшти Министерството за внатрешни работи по седницата на Владата.

Портпаролот на граничната служба потврдил дека невакцинираните странци ќе бидат одбиени, освен оние помлади од 16 години или оние кои се на списокот за изземање.

– Без разлика на потеклото на странскиот државјанин, секој мора да покаже потврда за вакцинација и негативен тест кој не е постар од 48 часа, изјави Томи Кивенџури, претставник на финската гранична стража.

Мерката, која стапила на сила во 14 часот, важи и за граѓаните на Европската унија, а се однесува на лицата родени пред 2006 година. Исклучок се здравствениот и транспортниот персонал, сериозни семејни причини или луѓето на кои им е потребна хуманитарна помош, како и некои жители на пограничните области на Шведска и Норвешка.

Финска минатата недела објави дека ќе побара негативен тест од сите патници, и од граѓаните на ЕУ и вакцинираните патници, од 28 декември, со цел да се запре зголемувањето на бројот на случаи на ковид-19 поврзани со варијантата омикрон.


Related Articles