Заев: Од 1 јануари 2019 година бесплатно болничко лекување за СИТЕ!!! Кој ќе поверува, може и ќе добие?

Каде Филипче застана, таму Заев продолжи, е тек сега ќе имаме здравство како од соништата, поточно здравство само на сон. Од влада, како да не гледаат дека целата држава е…

Каде Филипче застана, таму Заев продолжи, е тек сега ќе имаме здравство како од соништата, поточно здравство само на сон. Од влада, како да не гледаат дека целата држава е во некакво природно тонење на сите работи генерално, како да не се приметува стагнацијата во сите сегменти од нашето живеење, како да не се гледа јасно сликата во здравството кое е во ХАОС, НА КОЛЕНА, затрпано со купишта ОТПАД, во долгови, нема лекови, лековите се со недоволен квалитет, нема паркинг на клинички, нема персонал, нема соодветни здравствени објекти, нема апарати, нема доктори, нема лекови за ранливите категории на пациенти, квотата за набавка на лекови на обичниот граѓанин е од 1-ви до 5-ти во месецот и тоа ако има пријател за да ја набави хроничната терапија.

Со ваква слика во здравството, бидејќи Филипче не може, не успеа, нема како, го викна постариот брат на помош, Зоран, кој мисли дека со едно ЌЕ да ја заврши работата. Каква анализа, калкулации, пресметки, што може што неможе, битно да се каже, си мисли Зоран, дека народот е овца ќе верува и понатаму на изречените манипулации и лаги?

И сега што? Сега треба одеднаш целиот Македонски народ да се згне и да поверува на ова, дека некако чудесно и волшебно ќе исчезнат сите овие проблеми со кои се соочува македонскиот пациент и дека од 1-ви Јануари сите ќе имаме бесплатно здравство, може да биде БЕЗ – ПЛАТНО, ама бесплатно, тоа да видиме нема да поверуваме.  – Ни посочија неколку граѓани кои се јавија во нашата редакција!

Во целост ви го пренесуваме ЌЕ БИДЕ, уште едно од многуте ЌЕ, на премиерот и ветувањето 108.429-тото:

Од 1 јануари 2019 година бесплатно болничко лекување за сите граѓани, најави премиерот Зоран Заев на денешната седница за пратенички прашања.

– Истовремено таргет што е поставен пред нас во здравството е од 1 јануари 2019 година да воведеме бесплатното болничко лекување за сите граѓани. Досега имавме капацитет тоа да го направиме за дечињата на примателите на социјалната помош – рече Заев.

Убеден сум, додаде премиерот, дека така како што ја водиме работата од 1 јануари 2019 година покрај бесплатното болничко лекување ќе биде зголемена и платата, вкупните нето приходи на лекарите специјалисти во Македонија ЌЕ бидат 100 илјади денари.

– Верувам дека ќе има доволно капацитети Буџетот и во почетокот на февруари, кога лекарите ќе ја добијат јануарската плата, да имаат вкупен приход од 100 илјади денари. Ако успееме до 2020 година да ги подобриме буџетските перформанси, ќе продолжиме, на лекарите специјалисти без дежурства, да им обезбедиме 100.000 денари месечен нето приход – рече Заев.

Вие читателите оценете каде лежи вистината, меѓу редовите или на врв на планина, бидејќи тука сигурно НЕ е!

 

 

 

 


Related Articles