Скоро и да нема град во Македонија во кој моментално има чист воздух.

Мерните станици покажуваат над-нормално загадување во мерните станици во Струмица, Битола, Скопје, Тетово и Кочани…

Во Струмица се измерени рекордни 362 µg/m3, додека мерната станица во Битола покажува висока концентрација на ПМ честички, дури 242 µg/m3.

Во Тетово пак се измерени 216 µg/m3, што е значително над дозволеното, исто така и во Миладиновци се измерени високи 161 µg/m3.

Експертите препорачуваат да избегнете подолги периоди на отворена површина. Додека на мали деца, стари лица и бремени жени им се препорачува да не излегуваат без посебна потреба.