Во Општина Ресен е поставен за вд Директор на Јавната Општинска установа за деца –детска градинка “11-ти Септември” лице кое не ги исполнува условите утврдени со Законот за високо образование и е спротивно на Законот за заштита на децата и тоа член 120. Поставено е лице кое што е со средно образование и не ги исполнува еден од суштествените услови. На СДСМ најважно им е назначување на партиски директори, па макар биле и недоволно образовани.

Иако законите постојат, за оваа криминална влада и за Министерката за труд и социјала тоа се само парче хартија. Наместо грижата за воспитанието на децата од предучилишната возраст да биде на прво место, на оваа влада најважно и е поставувањето на партиски послушници без соодветно образование. Зборовите од излагањата на Министерката Царовска за имплементација на законите, се безначајни, затоа што постапките се спротивни на нив.

Ја повикуваме министерката за труд и социјална политика да даде одговор на јавноста за ова противзаконско назначување на вд Директорот на ЈОУДГ 11-ти Септември во Ресен, напишаа на Фејсбук од комисијата за труд и социјална работа на ВМРО-ДПМНЕ.