Министерот за здравство денес одржа прес конференција на која посочи дека засега не се планираат никакви рестриктивни мерки, ниту на границите, ниту во рамките на организација на настани, масовно присуство и така натаму.

– Размислуваме дали е потребно нешто да се направи во есенските месеци почнувајќи од месец септември, средината на септември или почетокот на октомври, а размислувањата одат во правец на тоа дали треба да се прави некаква рестрикција во однос на граѓаните кои не се вакцинирани, истакна Филипче.

Тој, одговарајќи на новинарско прашање околу тоа дали ќе се воведат некакви рестрикции со цел заштита од Ковид-19, рече дека ги следат сите искуства од другите земји.

– Секаде во светот сега има една дебата што и како треба да се прави. Размислувањата одат во правец на тоа дали треба да се прави некаква рестрикција во однос на граѓаните кои се не вакцинирани, зошто да загрозуваат кога имаат можност да се вакцинираат, а не го прават тоа од какво било причини. Еве некои земји воведуваат брзи тестови за влез во маркети, места за културни настани и таканатаму. Така да размислуваме за тоа, се уште одлука не сме донеле. Меѓутоа ако процениме дека ризикот од невакцинираните, генерално популацијата, вклучувајќи ги и вакцинираните е доволно голем, ќе воведеме рестриктивни мерки, нагласи Филипче.

Министерот за здравство информираше дека нема нови заразени со делта сојот.