Во Македонија се уште има затвори со исклучително лоши услови. Тоа мора да се промени, а затворениците да добијат соодветен третман, вели претставникот од Делегацијата на ЕУ во Македонија Фрек Јанмат, кој го означи крајот на реконструкривните зафати во Затворот во Битола, за што беа обезбедени 1 милиони евра средства од европските фондови.
-Во Македонија се уште имаме затвори кои не ги задоволуваат потребните стандарди, како и недоволно обучен кадар, но, работиме на промена на таа состојба. Загрижени сме за условите кои се проблематични, дури би рекол дека се нехумани и деградирачки. Наскоро кога земјата ќе ги започне преговорите со ЕУ се надеваме дека овие услови ќе се подобрат, рече Фрек Јанмат шеф на одделот за економска работа при Делегацијата на ЕУ во Македонија
Обновата на Затворот во Битола започна лани во април. Реконструиран е целиот објкет, притворското и затворското одддление, заедничките простории, административната зграда. Инсаталиран е нов систем за надзор, со што е зголемена и безбедноста во оваа казнено поправна установа. Затворениците кои се во затворите во Прилеп и Охрид, наскоро ќе се вратат во Битола.
– Градежните активности се квалитетно извршени, со што затворот претставува една современа казненоно-поправна установа, во која освен што се исполнети безбедносните услови опфатени се и сите компоненти з а почитување на правата на осудените лица и спроведување на процесот за успешна ресоцијализација, изјави Јовица Стојановиќ, директор на Управата за извршување санкции.
Освен во Битола, со европски пари се подобрени условите во Поправниот дом во Тетовско Волковија, во затворот во Куманово, отвореното и полуотворенето одделение во Идризво, за каде е обезбеден гранд од 3 милиони евра од ЕУ за реконструкција на притворското одделени.