Партиите ќе можат да собираат членови и подржувачи и на отворено и на затворено за да тераат кампања, но ќе треба да се почитува дистанцата од метар ипол до два,  да носат маски, да мијат или дезинфицираат раце. Ова е еден од предлозите на комисијата за заразни болести за спроведување изборната кампања влегоа во протоколот што ќе биде испратен до шремиерот и до шефот на државата. Да има разгласи за озвучување на митинзите и другите партиски собири за граѓаните да не се концентрираат  на помал простор , париите ќе можат да организираат и превоз на активисти за да ги носат во други градови на митинзи, но условот е покрај мерките за заштита, да се превозуваат до 50 отсто помалку патници од борјот на столчиња во автобусот.  Партиските карвани можат да одат од врата на врата за да ги претставуваат изборните проглрами  почитувајки ги мерките за заштита, но нема да смеат да влезат во домовите на кафе или чај туку, само пред врата или во двор ќе ги слушнат  изборните ветувањата.

Протоколот го испланира и  изборниот ден. Членовите на гласачки одбори и набљудувачите да носат заштитни маски и ракавици. Во просториите за гласање прозорците да бидат отворени или да се проветрува на секој час а на сите избирачките места задолжитлено да има средства за дезинфекција на раце. Гласачите пред избирачките места ќе треба да чекаат ред на 2 метри, Филипче со проекција како ќе се одвива гласањето под маски

На прашањето зошто не ограничиле некои видови на партиска кампања поради опасноста од  непочитување на мерките кога ќе се собере поголем број на луѓе, за што имаше неколку слични примери периодов, Филипче вели дека се  земале во предвид и протоколите мора да се почитуваат. Не треба да има големи собири туку да присуствуваат онолку граѓани колку што просторот дозволува со почитување на дистанцата од метар ипол два.

За да не се создава метеж на изборниот ден се предлага во консултација со дик да се продолжи изборниот ден за два часа.претседатлеот на ДИК Оливер Дерковски за телма рече за да се смени рамката од 7 до 19 ч потребно е да се промени изборниот законик во овој дел но претходно вели треба прво добро да се анализира што ке значи зголемувањето на гласањето од аспект на луге и ресурси.

Предог протокол на комисија за заразни болести

За кампања:

собири на отворен и затворен простор со  почитување мерките за заштита (маска, дистанца 1,5,-2м и дезинфекција). Да се користатат разгласни уреди за озвучување за да се избегне концентрирање на луѓе во помал простор.

кампања од врата на врата според протоколите и мерките за заштита, да не се влегува во домовите туку пред врата или во дворови;

– партиски активности во штабовите и партиски простории, да се одржуваат на отворено кога може. На затворено не треба подолго од два часа, да се проветруваат и секој ден дезинфекција;

на пунктовите за рекламен материјал да не се собираат поголем број активисти , на еден штанд да има најмногу двајца активисти и сите со заштитна опрема;

партиски превоз со средства за јавен превоз со капацитет максимум 50 % исполнет и сите да носат заштитна опрема, превозниците да обезбедат средства за дезинфекција.

Денот на гласање:

– членовите на гласачки одбори и набљудувачите да носат заштитни маски и ракавици;

во просториите за гласање прозорците да бидат отворени или да се проветрува на секој час;

–  на избирачките места задолжително да има средства за дезинфекција на раце;

гласачите пред влезот на избирачко место да чекаат на дистанца од 2 метра, при влегување на избирачко место прво да се дезинфицираат рацете, при давањето лична карта кратко да се тргне маската за идентификација, по гласање повторно да ги дезинфицираат рацете;

– во просторијата да има број на гласачи колку што има боксови за гласање;

–  во консултација со  ДИК, да се зголеми времето на гласање за два часа за да се избегне метеж