Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ го објави на македонски јазик најпреведуваниот документ поврзан со коронавирусот.

-Здравствениот тим на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период работеше на превод на значајни документи за правенција, третман и справување со последиците од пандемијата со корона вирусот.
Денеска го објавуваме на македонски најпреведуваниот документ во светот во кој се содржат препораките на еден од најефикасните тимови кои се наоѓаат во првите редови во борбата против COVID-19.
Се работи за Прирачник за превенција и третман издаден од FAHZU (Првата придружна болница на Медицински факултет при Универзитетот во Жеијанг) на основа на клиничкото искуство во лечењето на овој нов корона вирус, а е финансиран преку фондацијата Џек Маа и Алибаба.
Додека медицинскиот персонал во FAHZU се изложуваше на огромна лична опасност за време на лечењето на пациентите со COVID-19, го бележаа своето дневно искуство кое може да се пронајде во овој Прирачник. Во рок од 50 денови, 104 потврдени пациенти беа примени во FAZHU, од кои 78 беа тешко и критично болни. Благодарение на напорите на медицинскиот персонал и примената на нови технологии доживејаа чудо.
НИТУ ЕДЕН ЧЛЕН НА ПЕРСОНАЛОТ НЕ Е ИНФИЦИРАН, НЕМАШЕ ПРОМАШЕНИ ДИЈАГНОЗИ И НИТУЕ ЕДЕН ПАЦИЕНТ НЕ ПОЧИНА.
Со доближувањето на овој материјал до здравствените работници и општата јавност сакаме да дедеме придонес во подобрувањата на безбедноста на работните места во здравствените установи но и да придонесеме до отварање нови можности и нови модалитети на третман на пациентите.
Ваквите искуства се највредниот извор на информации и најсилното оружје во рацете на здравствените работници кои се наоѓаат на првите борбени линии.
Им благодариме ним и на нивните семејства.
Со почит.
Лнк за преземање на прирачникот: