Бостанот набрзо ќе скапе, а производителите денеска или го подаруваа или го фрлаа на улиците. Продолжува алармантната состојба во Струмичко и во Тиквешијата. Денеска дел од бостанџиите во близина на неколку бензински станици околу Неготино решија да го даваат својот род бадијала за да не заврши на ѓубриште.

А ништо подобра не е ситуацијата ниту на пазарите. Земјоделците револтирани од откупната цена на бостанот и во Росоман. Производителите и таму се жалат на ниската заработка зошто цената за килограм е многу ниска.

Истовремено Производителите на биостан продолжија да ги блокираат патишатат околу Струмица во последен обид државата да стане свесна и да им помогне да го решат проблемот со откупот. Денеска од 9 часот изутринава, неколку часа беше блокиран регионалниот пат за Струмица кај клучката во близина на Смоларе. Велат цената падна под 3 денари и е недоволна да ги покријат ниту најосновните трошоци.

  • Претставуваат лажна слика, додека ние ќе го фрлиме бостанот бидејќи не се исплати да го даваме без пари. Имаме министер кој не знае ниту З од земјоделие, вели 45 годишниот Трајко Митрески производител на бостан од струмичко.
  • Мораме да блокираме, маката не тера, мора да се сврти вниманието за нашиот проблем бидејќи владата не игнорира, вели Трајко Терзиевски од Струмица.

А за министерот за земјоделство Николовски проблем со откупот нема. Според него, некој манипулирал со земјоделците, бидејќи откуп и денеска се вршел во Струмица. Тој тврди дека во последните 7 дена се откупени 800 тони лубеница, а само за денес бил планиран откуп на околу 130 тони лубеница.

Инаку, бостанџиите протестираат поради слабиот откуп веќе неколку дена.