Жителите на населбата Драчево, Пинтија, Зелениково, Моране и околните села веќе пет месеци за обична РТГ снимка се приморани да одат во поликлиника Јане Сандански или поликлиника Бит Пазар.

Додека во некои поликлиники скоро нови РТГ апарати се менуваат со нови за да може да се „преперат“ соодветни средства и некој да има личен профит или интерес, РТГ кабинетот во поликлиника Драчево не работи. Жителите на овие населби за најобична нативна слика мораат да патуваат по 40 км, резултатите ги чекаат по неколку дена и повторно поминуваат по 40 км само за да си ги земат резултатите.

Ваквата ситуација предизвикува револт и пациентите се жалат бидејќи надлежните институции, министерот Филипче, не се грижат да го средат овој проблем.

Сите пациенти и лица кои имаат потреба за РТГ снимка, не се во можноста да патуваат со автомобил, па поголемиот дел од нив со повреди и со здравствени потешкотии патуваат со автобуски превоз за да може да направат обична РТГ снимка и да може да си го средат здравствениот проблем. Некои од болните и лицата со здравствени проблеми поминуваат низ патувачката голгота со болки и по два пати, за да може да ги земат и резултатите после снимањето.

Дали власта и министерот Венко Филипче, размислуваат на овие пациенти?

Дали овие пациенти не се македонски граѓани и не заслужуваат адекватна и соодветна здравствена заштита бидејќи секој од нив плаќа здравствено осигурување исто како и сите други луѓе по другите средини каде ова не е проблем?

Зошто и до кога власта ќе ги негира потребите на македонските пациенти, до кога Филипче, министерот за тендери ќе биде на чело на институција како министерството за Здравство, на која првично задача и е да се грижи за здравјето на македонските граѓани, а не за лично богатење и местени тендери на првиот човек на институцијата, Венко Филипче? До кога ќе продолжи тортурата врз македонските пациенти и ќе се демонстрира само негрижа и неквалитетно здравство?

Жителите на населбата Драчево, бараат промена на министерот Филипче, бараат промена на состојбите во здравството, бараат нови апарати и РТГ машини, бараат подобро здравство за сите.

Оставка за министерот Филипче, доста беше негрижа, нека започне грижата за македонскиот пациент – посочија жителите на Драчево, Пинтија и Зелениково.