Одлични се за здравјето на кардиоваскуларниот систем, го помагаат слабеењето, го чуваат здравјето на усната шуплина и превенираат од појава на камења во жолчката. Корисни се и при дијабетес, па на кратко, да се јаде индиски ореви е пожелно за организмот.

Вкусните индиски ореви се омилена грицка на многумина, а одлично е што може да се купат насекаде и во секое време од годината.

  • ИНДИСКИТЕ ОРЕВИ СЕ БОГАТ РАСТИТЕЛЕН ИЗВОР НА ПРОТЕИНИ

Високото количество на протеини во составот, како и доволното количесто на минералите железо и цинк, потврдува дека индиските ореви се супер избор за сите кои повеќе консумираат растителна храна или се вегетаријанци. Исто така, се богати со магнезиум, кој е важен за подобрување и зачувување на памтењето и го одложуваат губењето на меморијата со стареењето.

  • СОДРЖАТ ЗДРАВИ МАСТИ

Мастите се неопходни за нашиот развој, едноставни ни се потребни, а може да бидат комбинација од заситени и незаситени масни киселини. Незаситените масти обично се добри за организмот и се нарекуваат добри масти. Тие го снижуваат нивото на холестерол, го подобрувааат крвоносниот систем, добро влијаат на мозокот, косата ја прават посјајна, подмладуваат, го регулираат сонот. Ова го спомнуваме и потенцираме, затоа што индиските ореви се еден од добрите извори на незаситени масни киселини, па нивната умерена консумација и тоа како е важна за организмот.

Освен во индиските ореви, ваквите здрави масти ги има и во обичните ореви, фстаците, лешниците и во бразилските ореви. Добрите мастисе среќаваат и во маслиновото масло, лененото масло, соиното масло.

Во разните риби како што се туна, лосос, сардина и харинга. При тоа, обично во рибата се наоѓа поголема концентрација на полинезаситени масни киселини, додека во јаткастите плодови и авокадото, преовладуваат мононезаситените масни киселини. Ако не обожавате да јадете риба, не грижете се, и без неа можете да се храните здраво. Освен тоа, мононезаситените масти, во метаболизмот се претвораат во омега 3 масни киселини, а тие се добри за здравјето.

  • БОГАТСТВОТО ОД АНТИОКСИДАНСИ ПОМАГА ПРОТИВ КАНЦЕР

Тие го штитат организмот од дејството на слободните радикали. Тоа се молекули кои имаат неспарени електрони и затоа се исклучително реактивни. Денес, тие се сметаат за причинители на многу заболувања.

  • ПРИСУСТВОТО НА МАГНЕЗИУМ ВЛИЈАЕ КОРИСНО ВО РЕГУЛИРАЊЕТО НА КРВНИОТ ПРИТИСОК

Магнезиумот е важен за метаболизмот, за формирањето на коските, важен е за протеините, масните киселини, згрутчувањето на крвта, опуштањето на мускулите. Редовниот внес на индиски ореви помага во организмот да има доволно магнезиум, што помага во заштита од висок крвен притисок, грчеви во мускулите и хроничен умор на телото.