Калциумот не е само еден од најзастапените минерали во нашиот организам, туку е и еден од најважните. И покрај тоа што калциумот го имаме во изобилство во нашето тело, има некои намирници кои го содржат во големи количини.

Млекото е можеби најпознатиот извор на калциум, меѓутоа и повеќето млечни производи, како сирење, јогурт, кисло млеко, урда и сите останати, се подеднакво добар извор на овој есенциален минерал. Калциумот исто така го има во јајцата и зелениот зеленчук, грав, компири, соја и риба.

Калциумот контролира неколку основни телесни функции меѓу кои засирување на крвта, мускулната контракција, метаболизмот и други. Иако не е доволно познато, калциумот игра важна улога во здравјето и функцијата на очите. Јадењето на храна богата со калциум, помага ретината да ја трансформира светлината.

Калциумот исто така влијае директно на здравјето на коските. Храната богата со калциум го зголемува нивото на овој минерал во организмот со што ни гарантира силен коскен систем.

Особено е важен калциумот во текот на бременоста. Природата се грижи за здравјето на бебето на тој начин што го снабдува со калциум од телото на мајката, дури и од коските ако е неопходно. Затоа за здравјето на детето и мајката, за време на бременост таа треба да го зголеми внесот на храна богата со калциум.