Досега, веројатно сте прочитале десетици статии за тоа колку милениумската генерација сака да патува. И додека некои луѓе можат да зборуваат за тоа дека е вознемиреност, финансиска неодговорност и невнимателност, оваа генерација ги реализира своите авантури. Сепак, ова не е целосната вистина. Всушност, прилично голема количина на докази покажува дека патувањето е добро за вашето ментално здравје, покрај вашето физичко здравје.

Една од најважните придобивки на патувањето е тоа што е одлично оружје против стресот. Истражувањата на американската психолошка асоцијација покажуваат дека честото патување може да ви помогне полесно да се справите со стресот во вашиот живот, првенствено проади тоа што ви дозволува буквално да се повлечете од стресните ситуации и средини, да ви даде време за декомпресија, да добиете некоја перспектива и да се одморите.

Не бегате од проблемите, туку внимателно се повлекувате за да ја искористите можноста да се сетите на она што е навистина важно.

Но патувањето не само што ќе ви помогне да го исфрлите непотребниот стрес, туку и ќе ви помогне да ја зголемите вашата емпатија, ќе научите како да чувствувате поголема доверба, разбирање и толеранција кон другите. Ова се чини дека е особено важно денес, кога расизмот и фанатизмот се движат како шумски пожари преку каналите на социјалните медиуми и често се случуваат во реалниот живот.

Според истражувањето на „Момондо“, кај 76 отсто од анкетираните учесници патувањето им дало попозитивен поглед на луѓето од земјите што ги посетиле, другите култури, разликите и разновидноста. Значи, патувањето не само што ви дава поголемо разбирање за културите што ги посетувате, туку исто така може да предизвика чувство на поголемо сочувство и разбирање на различните култури и видовите на луѓе кои секојдневно ги гледате дома.

Освен што ја проширувате вашата перспектива и го отворате умот, патувањето го прави вашиот мозок покреативен.

Според „Атлантик“, патувањето може буквално да го промени вашето ментално здравје со менување на начинот на кој вашите нервни патишта се поврзуваат еден со друг, што доведува до нови мисли, чувства и идеи додека сте во странство. Клучот до ова е ако бидете дел од друга, поинаква култура, наместо да одите на тури со водич. И бидејќи креативните активности и мисли се одлични во борбата против депресијата, патувањето е одлично за вас.

Доколку креативноста и емпатијата навистина не ве убедиле да резервирате патување, тогаш размислете за фактот дека патувањето ќе ве направи посреќна личност во целост.

Според „Ен-Би-Си“, патувањето може да направи да се чувствувате значително посреќни и позадоволни со вашиот живот. И не е само среќата што ја чувствувате додека сте на патувањето, туку и возбудата и добрите вибрации.