Веројатно сте забележале дека во последно време вистински хит кој сите го препорачуваат е пиењето чаша млака вода со малку исцеден лимон во неа. Ако сте се прашувале што е толку посебно во водата со лимон, токму тука ќе ги добиете вашите одговори.
1. Ја подмладува кожата
Лимонот има многу витамин Ц кој го спречува појавувањето на брчки и ја брани кожата од оштетување. Во комбинација на вода, која ќе ја хидрира кожата, ова е полн погодок!
2. Ќе имате повеќе енергија
Калиумот во лимонот помага за подобро функционирање на мозокот, а според некои истражувања одлично влијае за намалување на стресот. Истражувањата покажале дека и водата го има истиот ефект, така што вака само уште повеќе си ја зголемувате енергијата!
3. Го хидрира вашето тело
Хидрацијата е важна за целокупното здравје на телото, а водата е најпотребна за тоа. Со додавањето на лимон, си додавате и вкус за да ви биде поубаво.
4. Го подобрува имунитетот
Витаминот Ц во лимонот многу помага за подобрување и заштита на имунитетот и се препорачува особено за време на настинки. Водата исто така му помага на организмот да се бори со бактериите.
5. Ги елиминира отровите
Црниот дроб најдобро и најбрзо реагира на свеж сок од лимон, бидејќи ја зголемува неговата продукција на ензими и побрзо ги исфрла отровите. Воедно преку уринирањето исто така се исфрлаат отрови така што оваа комбинација е совршена за прочистување на телото.
6. Може да помогне во губењето килограми
Преку водата можете да ја контролирате гладта, а лимонот помага многу за забрзување и регулирање на метаболизмот.
7. Го подобрува варењето
Киселината во лимонот ја поттикнува работата на желудникот и црниот дроб. Ова може да помогне при регулирање на метаболизмот и работата на дебелото црево.