Претераното туширање може лошо да влијае на хидратацијата на кожата, така што ја прави сува и оштетена, притоа создавајќи одлична површина за лесно развивање на микроорганизмите. Ова може значително да го зголеми ризикот од инфекции кај одредени луѓе. Многумина мислат дека честото миење со препарати за хигиена ќе ги заштити од одредени здравствени проблеми, но може да се случи токму спротивниот ефект. За повеќето луѓе е сосема доволно да се тушираат два пати неделно, но ако имате работа која ве поти или пак, ако сте физички активни, обидете се да избегнувате секојдневно користење на производите за хигиена и исплакнете ја потта само со вода. Ако сметате дека не е доволно, тогаш користете го сапунот само на критичните области, како пазувите и стапалата.

Од друга страна пак, ако имате сува коса, тогаш слободно можете да ја миете со шампон само еднаш во неделата. Ако имате проблеми со кожата на главата, како што е првутот, тогаш можете да користите шампон и неколку пати неделно. Исто така обидете се и помалку да си ги миете рацете, како и помалку да ја перете облеката, за да го намалите ризикот од одредени болести што настануваат како резултат на намалување на имунитетот од отстранувањето на заштитните слоеви на кожата.