Омега-3 масни киселини се додаток во исхраната кој треба секојдневно да го внесуваме во организмот. Тоа го потврдија бројни истражувања кои покажаа дека консумирањето на омега-3 масни киселини е важно за здравјето на телото и мозокот.
Постојат три вида омега-3 масни киселини, а тоа се: DHA (докосахексаенска киселина), EPA (еикосапентаенска киселина) и ALA (алфа-линоленска киселина). Во организмот се врши преминување на ALA во EPA и DHA.
Во борба против депресијата најкорисна е EPA, а едно истражување смета дека омега-3 масните киселини се користат како антидепресиви, пишува Healthline.
Освен тоа, омега-3 масните киселии го подобруваат здравјето на очите. Недостатокот од DHA предизвикува проблеми со видот. Затоа, за да избегнете оштетување на видот, пожелно е да консумирате храна богата со омега-3, советуваат лекарите.
Омега-3 масните киселини се клучни за раст и развој на мозокот кај доенчињата. Исто така, го намалуваат ризикот од срцеви заболувања. Одлични се за забрзување на метаболизмот и помагаат во процесот на слабеење. Освен тоа, омега-3 масни киселини се добри за вашата кожа и го подобруваат сонот. Доколку консумирате омега-3 масни киселини го намалувате ризикот од појава на дијабетес тип 1 и други автоимуни болести. Една од бројните предности е тоа што го намалуваат ризикот од рак на дебело црево. Исто така, омега-3 масните киселини ги ублажуваат менструалните болки. Доколку имате покачен холестерол, консумирајте омега-3 масни киселини кои се одличен сојузник во борбата против маснотиите во црниот дроб. Го подобруваат здравјето на коските и зглобовите и го намалуваат ризикот од остеопороза и артритис.