Здравство

Етиопија го потврди првиот случај на смртоносниот Марбург вирус

Новиот вирусен предизвик го загрижува светот: Африка CDC потврди девет случаи на опасната болест со стапка на смртност до 80%.

Етиопија официјално потврди појава на опасниот Марбург вирус во јужниот дел на земјата, соопшти Африканскиот центар за контрола и превенција на болести (Africa CDC).

Вирусот, кој е еден од најсмртоносните познати патогени, предизвикува тешки симптоми како внатрешно и надворешно крварење, висока температура, повраќање и дијареа. Инкубациониот период на болеста изнесува до 21 ден, а стапката на смртност е меѓу 25% и 80%, слично на Ебола, со која дели многу карактеристики.

Досега се потврдени најмалку девет случаи, а директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Адханом Гебрејесус, исто така потврди дека вирусот е детектиран во јужна Етиопија.

„Марбург вирусната болест (MVD) е потврдена од Националната референтна лабораторија во Етиопија“, соопшти Africa CDC. „Во тек се дополнителни епидемиолошки истражувања, а анализите покажуваат дека вирусот е сличен на претходни видови откриени во Источна Африка.“

Здравствените власти во Етиопија веќе преземаат мерки за изолација и спречување на ширење на вирусот, особено во регионот Џинка, каде што се идентификувани првите случаи.

Регион со повторливи епидемии

Во последните години, Марбург вирусот неколку пати се појави во Источна Африка:

  • Во Танзанија, епидемија од вирусот одзеде 10 животи во јануари оваа година, а беше ставена под контрола во март.

  • Во Руанда, во 2024 година беше успешно запрена првата позната епидемија на Марбург, која предизвика 15 смртни случаи.

Нема одобрена вакцина

За Марбург вирусот не постои одобрена вакцина или специфичен антивирусен третман, но навремена хидратација и симптоматска терапија можат значително да ја зголемат шансата за преживување. Минатата година, во Руанда беше спроведена пробна вакцинација со експериментален препарат развиен од американскиот Sabin Vaccine Institute.

Africa CDC најави дека ќе соработува со властите во Етиопија за да се спречи ширење на вирусот во другите делови на Источна Африка.

Најнови вести од: Здравство

Здравствените домови во Србија од денеска ќе работат во три смени

Со воведување на 24-часовна работа, здравствените домови во Србија ќе обезбедуваат постојана основна медицинска грижа, намалувајќи го притисокот врз итните служби и зголемувајќи ја достапноста за граѓаните.

Вистинска приказна: „Предвреме родените деца не се обични, тие веќе еднаш ја добиле најголемата битка – битката за живот“

Тивките ходници на интензивна нега ја сведочат кревката надеж што трепери на лицата на родителите на предвремено родените деца. Надеж, која и покрај својата нежност, опстојува – затоа што овие мали борци ги учат сите околу себе дека чудата несекогаш се случуваат одеднаш. Чекор по чекор, ден по ден, предвреме родените деца се најубавиот и […]

Предвремено породување: „Кога заедно ќе го поддржиме почетокот на животот, инвестираме во иднината на сите нас”

Мозаикот на родителството е полн со боени трепети и шарени искри, а понекогаш и нијанси со помалку сончеви тонови. Студенилото во палетата никнува кога родителите се соочуваат со предвремено породување, па наместо да се радуваат на здравиот плач на бебето, тие се загрижени дали тоа еден ден ќе ги стигне врсниците родени навреме. Сепак, предвремено […]

„Менаџмент, здравје, убавина“ – прва национална платформа што ги обединува клучните столбови за квалитетен живот

Ексклузивниот настан во Ragusa 360 на едно место ги поврза експертите за управување со време, превентивно здравје и холистичка убавина, со цел да ја истакне важноста на балансот во современото динамично општество.

To top