За жал, понекогаш во врските едниот партнер е постојано иницијатор на расправиите. Ако сте некој што избегнува конфронтација, ќе направите сè што е можно за да ги зачувате мирот. Но, ако сакате да бидете слушнати и ако ви е потребен издувен вентил, ќе започнете расправија.

Некои личности се постојано подготвени за создавање конфликт, а астрологијата посочува кои се тие хороскопски знаци.

1. Овен

Ако Овенот чувствува дека нема толку контрола во врската колку што сака, тој ќе започне расправија. Овие личности се секогаш подготвени за расправија кога станува збор за добивање на она што го сакаат. Тие не се многу трпеливи, така што често се случува да започнат расправија и потоа да сакаат да ја завршат колку што е можно побрзо.

Ако припадниците на овој хороскопски знак утврдат дека тие и партнерот сакаат различни работи во врската, нивните дискусии може да доведат до постојано расправање.

2. Стрелец

Стрелецот не ужива во расправиите, но може да биде многу директен и да каже нешто што ќе ги повреди чувствата на партнерот. Целта на овие личности не им е да ви нанесат болка, но понекогаш работите излегуваат од контрола и она што Стрелецот смета дека е филозофска дискусија станува лично.

3. Бик

Бикот може да биде тврдоглав и за него е полесно да започне расправија отколку да направи компромис. Овие личности може да заборават дека и нивниот партнер има свое мислење, па кога ќе наидат на отпор, тоа може да предизвика тие да се налутат и да започнат расправија.

Личностите родени во овој хороскопски знак се упорни и нема да попуштат за да ја спасат врската. Поголемиот дел од времето, партнерот на Бикот е тој што треба да прави отстапки за да го зачува мирот.