Од 23.00 часот (08.05.2021) до 05.00 часот (09.05.2021) регистрирани се 5 лица кои не ја почитувале забраната за движење и со тоа го прекршиле полицискиот час.
Во текот на изминатото деноноќие (08/09.05.2021) пак, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 522 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.