Луѓето често го занемаруваат она што телото се обидува да им го каже, но на овие загрижувачки сигнали дефинитивно треба да им обрнете внимание.
1. Подочници
Темните кругови околу очите можат да се појават ако не спиете доволно, лекарите препорачуваат квалитетен сон од најмалку 7 до 8 часа. Но, подочниците можат да се појават и поради нешто друго, како анемија.
При анемија телото не произведува доволно црвени крвни клетки поради што кожата станува потемна под очите.
2. Замаглен вид
Ако чувствувате умор во очите или повремено не можете да ги препознаете луѓето или да ги читате патоказите од стандардна оддалеченост, веројатно сте развиле кратковидност или астигматизам. Треба да посетите оптичар.
3. Лупење на кожата
Лупењето на кожата е показател дека на вашето тело му недостигаат витамини. Исхраната богата со витамини и минерали треба брзо да ја подобри состојбата на кожата.
Ако лупењето е проследено со чешање, тогаш треба да посетите доктор. Можно е да имате габична инфекција.
4. Делумно губење на мирисот
Со стареењето острината на мирисот се намалува како последица од оштетување на нервниот систем. Но ако сте релативно млади и сте забележале дека губите осет за мирис одете на лекар. Тоа може да биде последица од силна настинка или од други вирусни инфекции.
5. Дислокација на зглобот во рамето
Изгледа дека зглобовите во рамената кај некои луѓе се полабави или можат да се движат во необични насоки. Тоа е показател на нестабилен зглоб на рамето, состојба кога зглобната глава излегува од зглобната чашка.
Може да биде и случај на вроден флексибилен лигамент или да биде предизвикан од спортска повреда.
Во секој случај е опасна состојба која може да доведе до повреда и дислокација на рамето.