Во нашата земја јаболките ги има во изобилство, а може да се јадат свежи, печени, варени, како додатоци во разни колачи. Студиите покажаа дека јаболкото е значаен извор на флавоноиди во исхраната.
Кога и да е можно, треба да јадете неизлупени јаболки, бидејќи нивната кора е вистински концентрат на антиоксиданси.
Јаболките докажано го намалуваат ризикот од појава на рак на белите дробови, а резултатите од научните истражувања препорачуваат секој ден да се јаде најмалку едно јаболко. Исто така, богати се со витамин Ц, кој е потребен за обнова на имунолошкиот систем. Во просечно јаболко има околу осум милиграми витамин Ц, што е 14 проценти од дневните потреби.
Позитивно влијаат на здравјето на крвниот систем намалувајќи го ризикот од формирање на згрутчување и мозочен удар, додека сокот од јаболко може да го намали ризикот од Алцхајмерова болест и да ја подобри интелектуалната функција. Ова овошје придонесува за здравјето и функцијата на респираторниот систем и го намалува ризикот од појава на астма и бронхијална чувствителност.
Жените кои јадат најмалку едно јаболко на ден имаат 28 проценти помалку шанси да развијат дијабетес тип 2. Јаболките се богати со растителни влакна и антиоксидансниот антоцијанин, кој го раствора шеќерот во крвта.