Како што здравата исхрана го чува вашето здравје, така некои лоши навики можат да предизвикаат големи здравствени проблеми. Експертите предупредуваат да се откажете од некои работи што порано, додека не стане предоцна.

Вечера после 19 часот

Консумирањето храна во доцните вечерни часови го зголемува ризикот од срцеви заболувања и дијабетес тип 2. Пресолената храна може да предизвика проблеми со бубрезите и срцето, а тоа е една од најчестите причини за смрт поврзана со исхрана.

Недоволно или неправилно миење раце

Поради тоа сте поподложни на бактерии и вируси, а правилната хигиена на рацете би го намалила бројот на смртни случаи предизвикани од болести при кои се развиваат бактерии и кои се пренесуваат од нечисти раце.

Одбегнување конец за заби

Оваа лоша навика треба веднаш да ја смените, бидејќи така ќе го намалите бројот на бактерии во устата. Воспалението на непцата може да доведе до здравствени проблеми кои можат да го скратат животот.

Гризење нокти

Оваа лоша навика не само што не изгледа убаво туку е и ризична за здравјето. На тој начин се пренесуваат бактерии од групата стрептококи и стафилококи. Бактериите може да влезат во крвта и да предизвикаат сепса.

Стискање мозолчиња

Никако не смеете да ги стискате мозолчињата, бидејќи на тој начин ќе им оставите отворен простор на бактериите кои можат да предизвикаат големи проблеми на вашата кожа, но и во телото.