Верувале или не, луѓето можат да бидат зависни од љубов. Зависноста од љубов се опишува како очајничка потреба на човекот да најде некој кој ќе го сака, но проследена е и со ирационален страв од одбивање и самотија. Се јавува многу почесто отколку што мислите.

Терапевтот д-р. Беки Вестоун која специјализираше на оваа тема, ги открива знаците на овој вид на зависност.

Постојано сте анксиозни поради стравот дека партнерот ќе ве остави.

Личноста којашто е зависна од љубов, се плаши дека партнерот ќе ја остави и дека ќе остане сама. Дури и кога е во врска со некого по кого е опседната,  нема доверба во него.

„Ваквиот тип луѓе се многу несигурни, анксиозни и постојано бараат нешто“, смета докторката.

Како да ги препознаете ваквите партнери?

Само партнерот ви прави да се чувствувате добро

Кога некој е зависен од љубов, сета негова среќа е во рацете на партнерот. Со други зборови, оној којшто е зависен од партнерот се чувствува добро само кога партнерот е расположен.

Сметате дека партнерот е единствена вредна причина за живеење

Поради зависноста од партнерот, не помислувате на раскинување на врската, дури и доколку таа е токсична.

Докторката го споредува ова со другиот вид на зависност- дури и кога личноста знае дека партнерот е лош за него/а, не престанува да се навраќа на него.

Кога партнерот не е покрај нив, сметаат дека ништо друго нема смисла

Докторката Вестоун смета дека зависноста од љубов е еден вид на образец на однесување, па дури и кога ќе раскинат со некој по кој биле опседнати, многу брзо ќе најдат некој нов.

„Многу е важно да препознаете дека имате ваков проблем. Не е паметно да бидете зависни кон некој друг партнер одново и одново“.

Според докторката, луѓето коишто се зависни од љубов имале лош однос со нивните мајки во детството. Многумина од нејзините пациенти имале проблеми со мајката којашто се дистанцирала од нив и не покажувала љубов и грижа.