Ако сте решиле да ги согорите качените килограми, основното правило, кога станува збор за исхраната, е дека таа мора да се базира на внесување голема количина протеини.
Шпанскиот нутриционист Гилјермо Гомез открил како најлесно да стигнете до идеалната тежина, без притоа премногу да се мачите.
Слабеењето би требало да се одвива во две фази. Фаза на правилна исхрана и фаза кога би вовеле и тренинг.
За да постигнете одлична физичка форма и изглед, тој препорачува прво да работите на изградба на мускули со правилна исхрана неколку недели, а потоа почнете да ги согорувате мастите со тренинзи.
Храната богата со протеини ја сочинува основата на овој план. Пред се’, јајца кои содржат леуцин, аминокиселина што им помага на мускулите да растат.
Во првата фаза, исхраната би требало да се базира на производи богати со протеини и на консумирање свеж зеленчук.
Производи богати со протеини:
- јајца
- црвено месо
- пилешко месо
- тврдо сирење
- житарки од цело зрно
- риба
- мешунки
Поентата на оваа исхрана е да се формираат мускулите пред да почне разградбата на масти. Уште во првата фаза, кога ќе применувате исхрана богата со протеини, а ќе ги исфрлите шеќерот и мастите, ќе забележите дека килограмите почнуваат да исчезнуваат.
Кога по неколку недели ќе воведете и лесни тренинзи, резултатите ќе бидат видливи уште побрзо. Без физичка активност, нема целосни резултати, но и протеините овде играат важна улога. Тие се единствената состојка што може да изгради мускули.