Бројот на жртви од коронавирусот порасна на 362, со што е надминат бројот на жртви од САРС во Кина од 2003 година.
Тогаш од САРС во Кина починаа 349 лица, јавува Си-Ен-Ен.
Бројот на заболени од коронавирусот се зголеми и во моментов ширум светот заболени се над 17.300 лица.
Како што се наведува, вирусот е проширен во 27 земји, а бројни држави и натаму ги евакуираат своите граѓани. Во САД се регистрирани 11 случаи на коронавирусот, а евакуацијата на американските државани е одложена од непознати причини.
Евакуираните од Кина, државјани на други земки, меѓу кои се наоѓа и една македонска државјанка, се во Франција каде ќе поминат 14 дена во карантин, по што ќе бидат транспортирани кон матичните земји.