Мастурбацијата е дел од здравиот сексуален живот, целосно е здрава и безбедна. Според експертите, истата има многу здравствени придобивки. Се прашувате зошто?
Како, всушност, мастурбацијата може да влијае на здравјето?
Го зголемува протокот на крвта во мозокот
Истражувањата покажаа дека протокот на крвта за време на мастурбација е поголем, за крвта да стигне до мозокот и гениталиите.
Скенирањето на мозокот покажало дека крвта циркулира побрзо низ телото и мозокот, а за возврат го зголемува протокот на кислородот и хранливите материи, стимулирајќи го здравото функционирање на мозокот.
Ја одржува силата на карличните мускули
Мастурбацијата може да ви помогне да бидете во „форма“, бидејќи ги зајакнува карличните мускули. Со други зборови, мастурбацијата е практична како вежба за цело тело.
И, најдобро од сè, колку се посилни карличните мускули, толку повеќе ќе уживате во мастурбацијата (како и во сексуалниот однос) и полесно ќе го доживеете оргазмот.
Ќе имате повеќе самодоверба
Мастурбацијата е запознавање на сопственото тело, а колку подобро го познавате вашето тело, толку повеќе ќе го сакате.
Докажано е дека жените, кои редовно мастурбираат, имаат поголема самодоверба, позадоволни се од нивниот изглед и емоционално се поинтелигентни.
Подобро ќе спиете
По мастурбацијата се ослободува допамин, што ви обезбедува подобар сон. Недостатокот на сонот е поврзан со различни здравствени проблеми, вклучувајќи ги кардиоваскуларните болести, дијабетес и Алцхајмерова болест.
Ги ублажува симптомите на инфекција на уринарниот тракт
Никој не тврди дека мастурбацијата е лек за инфекции на уринарниот тракт, но може малку да ги ублажи симптомите.
Ќе ви помогне да доживеете оргазам
Иако многу жени немаат проблем да доживеат оргазам при мастурбација, овој проблем го имаат кога имаат секс со својот партнер.
Затоа многу терапевти сугерираат да се мастурбира пред партнерот за да го подобрите вашиот сексуален живот.
Го намалува стресот
Секој има поинаков начин на справување со стресот и вознемиреноста, но докажано е дека со мастурбација се ослободува окситоцин, хормон кој има смирувачки ефекти.