Австриските власти потврдија дека кај две лица е потврдено присуството на коронавирусот, јави дописникот на МИА.
Во првиот случај се работи за 24-годишен маж кој изминатиов период престојувал во италијанска област Ломбардија, каде има голем број заразени лица. Тој со симптоми на треска и висока температура бил хоспитализиран во Инсбург, каде што лекарите потврдиле дека се работи за лице заразено со коронавирус.
Вториот потврден случај во градот Линц, каде што 55-годишен маж е хоспитализиран со симптоми на болеста. И тој изминатиот период престојувал во Италија, па лекарите сметаат дека таму и се заразил.