Времето денеска ќе биде претежно облачно, а попладне со врнежи дожд. Во пладневните часови од север ќе се прошири умерен до засилен северен ветер. Ветерот ќе се засилува и преку ноќта, а врнежите од крајот на денот на повиоските места ќе преминуваат во снег.
Според УХМР, минималната температура ќе се движи од три до осум степени, а максималната од седум до 19 степени.
Во понеделник ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи претежно од снег, на пониските места од дожд и снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Минималната температура ќе се движи од минус еден до четири степени, а максималната од еден до осум степени.
Во вторник ќе биде променливо облачно и студено со локални врнежи претежно од снег, на пониските места од дожд и снег. Минималната температура ќе се движи од минус три до два степена, а масималната од три до девет степени.