Американската нутриционистка Ријана Ламберт за британски „Сан“ вели дека исфрлувањето на јаглехидратите од исхраната е многу погрешно.
Одредени јаглехидрати се од витално значење за нашата исхрана затоа што обезбедуваат најголем извор на енергија.
Многу јаглехидрати се разбиваат и се претвораат во глукоза, која телото ја користи како енергија за нашите мускули додека вежбаме, како и за работата на мозокот.
Тие можат да се претворат во масти, складирајќи енергија, која телото подоцна може да ја користи.
„Овие диети забрануваат внесување на леб, тестенини и компир, заменувајќи ги намирниците со богат протеин, како месо, јајца и храна богата со масти. Всушност поради тоа и настана распростанетата заблуда дека сите јаглехидрати ве прават подебели. Ставот дека јаглехидратите треба да се намалат во исхраната е едноставно погрешно“- вели таа.
Сепак, тестенини и леб треба да јадете.