Многу често не им обрнуваме внимание на ноктите, особено на промените кои се случуваат на нив, но треба да знаете дека тие се барометар на нашето здравје. Тие може јасно да ви дадат на знаење во каква состојба е организмот.

Еве што кажуваат промените на ноктите:

Суви и кршливи нокти – тоа се случува кога на телото му недостасуваат масни киселини. Во својата исхрана би требало да додадете риба како што е лососот или сардината, барем два пати неделно.

Меки нокти кои лесно се виткаат – тогаш ви недостига калциум. Но, немојте веднаш да се фрлите на сирењето. Калциумот најбрзо и најлесно се апсорбира од темно зелениот лиснат зеленчук.

Вертикални бразди – укажуваат на недостаток на хранливи состојки. Престанете да пиете алкохол и да пушите бидејќи тоа ви ги уништува витамините и минеарлите кои ги внесувате. Јадете почесто свежо овошје и зеленчук.

Хоризонтални линии – укажуваат на слаб метаболизам и проблеми на функцијата на тироидната жлезда. Тогаш треба да внесувате повеќе храна која содржи селен, цинк и јод.

Бели флеки по ноктите – тие укажуваат на недостаток на цинк. Затоа во исхраната внесувајте повеќе јаткасти плодови, морска храна и интегрален ориз.